Шеснаесет литри воден талог на метар квадратен паднале во текот на изминатото деноноќие на површината на Куманово, заклучно 08:00 часот утринава, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд имало во Крушево и Пожаране 21 литар, а најмалку во Охрид – само два литри.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои претежно во јужните и источните делови ќе бидат пообилни.
Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата ќе се движи од 9 степени во утринските часови до максимални 10 во текот на денот.
Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд.
Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер.
Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи, стои во соопштението на УХМР.
Никола Ивановски