156 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 156 возачи викендов биле казнети во Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 156 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од нив, 101 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека 28 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

24 казни биле напишани за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирани возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски