14 пијани возачи исклучени од сообраќај во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет лица во ноќва биле исклучени од сообраќај во Куманово, откако сообраќајната полиција констатирала дека управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Loading...

– Синоќа (20/21.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив најмногу на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски