139 казни за неносење маски во Куманово, нема прекршувања на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Вкупно 139 граѓани на Куманово во текот на изминатото деноноќие биле казнети поради неносење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12.05/14.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 205 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 139, во Крива Паланка 29 и во Кратово 37.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период нема прекршување на полицискиот час.

М.Ф

Leave a Reply