13 сантиметри снежна покривка во кумановско

Сподели со своите пријатели

Тринаесет сантиметри снег во кумановско регистрираат метеоролозите при Управата за хидрометеоролошки работи во 7 часот утринава, што е воедно и исто толку литри воден талог на метар квадратен.

Loading...

Повеќе снег од Куманово има само во Ѓуриште, 31 сантиметар и во Крива Паланка 14, а најмалку во Прилеп и Лазарополе, само еден сантиметар.

Во текот на ноќта и утринава времето беше облачно со локални врнежи од снег, само во Дојран врне дожд. На места дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што информираат синоптичарите при УХМР, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот поради затоплувањето, на места врнежите ќе преминат во дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Утринава во Куманово се измерени два степени под нулата. Во текот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Максималната дневна температура во кумановско денеска ќе биде околу 4 степени.

Никола Ивановски / фото: архива

Loading...

Leave a Reply