13 пријави за напади врз полицајци годинава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 13 пријави за напади врз полициски службеници имало од почетокот на годинава во Куманово.

Loading...

Во последен период во дневните билтени често може да се забележи дека полицајците се напаѓани, како физички, така и вербално.

Сепак, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на првите десет месеци на 2023 година, биле регистрирани 13 пријави за напади врз полицајци кои вршеле службени дејствија.

Бројката е слична како и во 2022 година, кога имало 12 случаи за напади врз полицијата.

Според кривичниот законик на Македонија, член 383, нападот врз полициски службеник е кривично дело.

Така лицето напаѓач се соочува со парична казна или затвор до три години, ако нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне службено лице или лице кое помага при вршење работи на јавната безбедност или заштита на уставниот поредок на Република Македонија.

Во случај сторителот да се заканува со употреба на оружје или друго опасно орудие, го малтретира или го навредува службеното лице или лицето кое помага или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Ако при извршувањето на делото на службеното лице или на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Loading...

Никола Ивановски