128 возачи викендов казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 128 вовзачи биле казнети викендов на подрачјето на Куманово, а од нив најголем дел поради пребрзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 128 возачи, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните биле за пребрзо возење, или 71 лице управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

25 санкции биле изречени на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола, 10 за нерегистрирано возило и 7 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје

Сообраќајните контроли, како што додаваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски