123 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 123 санкции за брзо возење биле напишани денеска на територија на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Денеска (05.06.) во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 123 возачи, информираат од кумановската полиција.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Leave a Reply