12 години затвор за Сашо Мијалков, четири за Јанкулоска

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е осуден на 12 години затвор за нелегалното прислушкување вршено од 2008 до 2015 година.

Loading...

На твор му се става и уништувањето на системите за следење на комуникации во МВР и опрема на телефонски оператори.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е осудена на четири години затвор, откако судот ја прогласи за виновна дека по наредба на Сашо Мијалков ја уништила опремата со која нелегално било вршено прислушувањето.

Поранешниот началник на Петтата управа на МВР Горан Грујевски кој исто така е дел од прислушувањето доби казна од 15 години затвор, исто колку и Никола Бошковски, кој е во бегство.

Шефот на кабинетот на Сашо Мијалков, кој издал наредба за уништување на системите, добива шест години затвор.

Сите обвинети ќе мора да ја надокнадат материјалната штета нанесена на државата со уништување на опремата.

Никола Ивановски

Leave a Reply