11 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица вчера во Куманово биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22.08/23.08.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 13 лица не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, од нив 11 биле на подрачјето на Куманово и 2 во Крива Паланка.

За нив, додаваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски