100 милијарди долари депозити излегле од американските банки за три месеци

Сподели со своите пријатели

По веста дека во првите три месеци од оваа година 100 милијарди долари депозити ја напуштиле First Republic Bank, вчера цените на акциите на оваа банка паднаа за речиси 50 отсто, јавуваат американските медиуми.

Loading...

Оваа банка, која е во деловни проблеми по пропаѓањето на банката во Силиконската долина, пријавила одлив на депозити од 104,5 милијарди долари од почетокот на годината до крајот на март или околу 40 отсто од вкупните депозити.

Во меѓувреме, конзорциумот од најголемите американски банки вложува 30 милијарди долари за да и помогне на банката да избегне банкрот.

Од почетокот на годинава вредноста на акциите на оваа банка е намалена за 80 отсто од 1 јануари.

Некои аналитичари во Америка очекуваат First Republic да биде следната банка што ќе ја преземе државата.

Државата веќе ја презеде Silicon Valley Bank (SVB) во март по исто така голем одлив на депозити.

Карактеристично за двете банки е што повеќе од 90 отсто од депозитите се поголеми од осигурените 250.000 долари, за кои државата гарантира.

При преземањето на СВБ, државата донесе привремена одлука да ги покрие сите депозити на клиентите на СВБ.

Loading...

Трошоците на FDIC (Federal Deposit Insurance Agency) за покривање на депозитите на SVB Bank се проценуваат на околу 20 милијарди долари.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.