10 правила кои штедат пари и гориво

Сподели со своите пријатели

Со малку внимание и разсмилување во возењето можете да заштедите до 20% повеќе гориво.

Ова се десетте совети за штедливо возење:

Нежно со педалата за гас

Секако дека тоа е прво и основно правило за штедливите, како и впрочен за секое друго возење нежно и паметно постапувајте со педалата за гас. Држете ги ротациите во најповолен распон. Кога ќе ја постигнете посакуваната брзина, префрлете во највисок можен степен за пренос и држувајте ја.

Не возете во „лер“

Погрешно е ако долго се влечкате до семафорот во празен од. Автомобилот, зависно од моторот, троши од 0,5 до еден литар гориво на час додека при кочењето на моторот, електрониката исклучува вбризгување на гориво во цилинфрите и така практично во тие моменти се намалува потрошувачката на нула.

Испразнете го гепекот

Не возете се со непотребен терет во автомобилот. Секои 100 килограми оптеретување ја зголемуваат потрошувачката за околу пет проценти.

Исклучете го моторот во место

Многу нови автомобили денес доаѓаат со составен старт-стоп кој го исклучува моторот додека автомобилот стои, со што во градското возење може значително да се заштеди. Можете и самите да го исклучите автомобилот кога знаете дека ќе потрае подолго – да кажеме дека ви се исклучил семафорот „пред носот“.

Успорете

Доколку возите 120 по автопат, наместо 140 километри на час, можете да ја намалите потрошувачката и до 15%.

Отстранете ги непотребните ноасчи

Кровните кутии се одлично решение за вишокот багаж, но значително ја зголемуваат потрошувачката.

Возете со константна брзина

СО кочењето ја расипувате кинетичката енергија, а тогаш трошите гориво повторно да ја создадете. Спортското возење со многу нагли забрзувања и кочења може да ја зголеми потрошувачката и до 50%.

Штедливо со клима уредите

Исклучете ја климата на ниски брзини. Околу 90 километри на час вишокот гориво кое го троши климата се изедначува со зголемената потрошувачка поради отворените прозори, па на поголеми брзини климата повеќе се исплати.

Проветете го притисокот на гумите

Гумите на автомобилот секогаш би требало да бидат под притисок кој го пропишал произведувачот и поради потрошувачката на гориво.

Редовно одржувајте го автомобилот

Намалете ги трошиците за исправен автомобил. Старо масло, напола затнат филтер и слични резултати на немарност се одразуваат и на потрошувачката на гориво.

Leave a Reply