10 мигранти пронајдени во кумановско во возило кое бегало од полицијата

Сподели со своите пријатели

Десет мигранти од Пакистан се пронајдени во возило во Куманово откако претходно истото ѝ бегало на полицијата.

Loading...

– На 26.02.2022 околу 20.15 часот при вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, од страна на полициски службеници  бил даден знак да застане на патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не го запрел возилото туку се дало во бегство кон Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Потоа возачот го оставил возилото кај мостот на влез за с.Романовце и се дал во бегство.

При извршениот преглед на возилото пронајдени биле 10 илегални мигранти од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски