10 бонтон правила за на плажа

Сподели со своите пријатели

Кога луѓето одат на плажа, сакаат мир, релаксација и поглед на морето, а не вие да ги прскате, да фрлате песок преку нив или да ги присилувате да ја слушаат вашата музика.

Loading...

Одморот е синоним за релаксација, но то не значи дека треба да заборавите на манирите.

Бонтон правила кои мора да ги почитувате на плажа:

Почитувајте го приватниот простор на другите

Не ставајте го својот пешкир близу другите, секој има потреба за приватност, т.е. за личен простор. Се разбра на плажите на кои има премногу луѓе, тоа е скоро невозможно, но потрудете се.

Не фрлајте песок врс вашите „соседи“

– Газете нежно кога се движите помеѓу пешкирот или лежалката

– Не газете преку замок од песок.

Loading...

– Избегнувајте да тресете пешкир во близина на други луѓе. Земете го предвид дувањето на ветерот.

 

 

Внимвјте на однесувањето во вода

– Не фрлајте предмети во вода

– Не прскајте други луѓе кога нуркате или пливате

– Не играјте игри во вода кои можат да им пречат на другите.

Loading...

Не им го попречувајте погледот на морето на другите

Плажата е јавно место и сите заслужуваат да уживаат во погледот, па поради тоа внимавајте каде ќе го поставите сунцобранот.

Поздравете ги „соседите“

Културно е да се насмевнете и даг поздравите соседите на плажата, убавите манири се ценат и тука.

Не е во ред да пушите на плажа

– Во зависност од правецт во кој дува ветерот, чадот од вашата цигара може некому да оди во лице.

– Иритирачки е мирисот на цигари за непушачите.

– Ако не можете без никотин, пронајдете соодветна позиција за да не им пречите на соседите и не фрлајте отпушоци на плажата.

Loading...

Оставете ја плажата чиста кога ќе заминете

На поголемиот дел од плажите има канти за отпадоци па нема оправдување да фрлате каде стигнете, без оглед дали се работи за остатоци од овошје или масна кесичка чипс.

Не бидете гласни

– Не заборавајте дека поголемиот дел од луѓето на плажите сакаат да одмараат па почитувајте ја нивната желба.

– Запамтете дека звукот брг се шири на плажа, па затоа спуштете го тонот.

– Не претрувајте со гласната музика затоа што некои луѓе сакаат да слушаат бранови, не ваш музички избор.

Loading...

– Научете ги вашите деца да не врескаат.

– Плачењето и расправиите на плажа се иритирани, а избегнувајте ги.

 

 

Loading...

Облечете се кога одите на ручек во ресторан на плажа

Нема потреба другите да го гледаат вашиот костим за капење додека ручаат, без оглед дали ресторанот се наоѓа на плажа.

Совет плус

– Постојано држете ги децата на око.

Не се пресоблекувајтепред другите, туку одете до гардеробата.

Loading...

– Не соблекувајте се премногу на плажата ако не е наменета за нудисти.

– Не дозволувајте вашето куче да се кае во морето или да се тресе близу другите.

Leave a Reply