Зошто лабрадорите не можат да го контролираат гладот?

loading...

Лабрадотот е најпопуларнито вид на кучиња во Велика Британија, а најмногу поради тоа што се пријателски настроени, лојални и лесно е да се дресираат.

Научниците откриваат некои нови работи кога се во прашање овие кучиња и така помагаат на сопствениците да не се чувствуваат лошо и да се бодинуваат самите себе кога нивниот миленик ќе се здебели. Имено, лабрадорите многу сакаат да јадат и имаат опсесивна желба за храна.

„Лабрадорите имаат посебна генетика која има големо влијание на нивната желба за храна“ – вели др. Еленор Рафан од Кембриџ Универзитетот.

Често сопствениците се тие кои сметаат дека го разгалиле својот миленик кој би дал се од себе само да добие уште еден кекс, истражувачите тврадт дека овие кучиња всушност се „генетски гладни“ и дека својат ажелба за храна многу често не можат да ја контролираат.

Во прашање е мутација на гените, позната како POMC, а за време на истражувањето кое опфатило 310 лабрадори дури една четвртина имала ваква мутација и тие кучиња биле во просек 1,9 килограми потешки од другите.

Експертите советуваат да се зголеми физичката активност, но и да се промени карактерот на сопственикот кој во тој случај нема да му дава се за јадење на својот миленик.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments