Заев по средбата со Ахмети: Нема чепкање на Уставот (видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва беше на средба во Мала Речица, каде седна на маса со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде се воделе преговори за формирањето на Владата. 

По завршување на средбата Заев рече дека сите преговори се во рамките на Уставот и таму нема ништо да се менува, потенцирајќи сепак дека се надминати голем дел од разликите кои постоеле во ставовите помеѓу двете партии.

Желбата на СДСМ е да добиеме уставни решенија за употреба на решенијата. Не треба да дозволиме нешто што е надвор од Уставот. Ако имаме разлики, ќе го одложиме за 6 месеци и ќе имаме јавна дебата за граѓаните да одлучат. Се преговараше на каков начин ќе се употреби албанскиот јазик во однос на денарот, односно албанскиот јазик да биде ставен и на паричната единица и околу одредбите на употреба на јазикот во полицијата и армијата, односно на нивните амблеми, употребата на јазикот во судските процеси, како и во владините документи и законодавниот дом – изјави Заев, а пренесе Телевизија 24.

Loading...

Тој е оптимист дека двете партии ќе можат да најдат заедничко решение во рамките на Уставот за употреба на албанскиот јазик  и се надева дека овој преговарачки процес набрзо ќе заврши.

Според Заев, постигната била согласност за рамноправна распределба на буџетските средства за сите општини во државата, прашање кое не е етничко, туку граѓанско, и од кое што корист ќе имаат сите граѓани во различните региони.