Во оваа земја 24 години гасот, струјата и водата беа бесплатни! Сега на тоа доаѓа крајот!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Туркменистан, Курбанкули Бердумухамедов потпишал закон со кој се укинуваат бесплатната вода, гас и струја.

Граѓаните на Туркменистан во бесплатната струја, вода и гас, уживале уште до 1993 година.

– Потпишав закон со кој се одредува плаќањето на гасот, водата и струјата за жителите на Туркменистан, рекол Бердумухамедов пред Собранието.

Претседателот на Туркменистан пука, фрла ножеви, прави згибови и се претставува како БОГ (видео)

Loading...

Како нагласил, Владата долго размислувала за новите мерки и воведувањето на тарифи кои постепено ќе се применуваат.

Секој подениц до сега имал право на 35kW и 50 метри кубни гас месечно, како и 250 литри вода дневно. До 2014 година, сопствениците на автомобилите добивале по 120 литри бесплатен бензин секој месец.

Според новиот закон, граѓаните од 1 ноември ќе почнат да ги плаќаат овие услуги од свој џеб, доколку го надминат дозволениот лимит од 1993 година.

10 работи за Туркменистан кои сигурно не сте ги знаеле

Мерката е на сила од 1993 година и со неа се предвидувало да трае 10 години, но продолжена е до 2030 година.

Претседателот сега смета дека ваков систем е неодржлив и дека помошта во иднина би требало да им биде упатена само на социјалните случаи.