09.08.2017 15:00

Претседателот на Туркменистан пука, фрла ножеви, прави згибови и се претставува како БОГ (видео)

Facebook Twitter Google+

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, објави видео-снимка во која ги демонстрира своите воени способности.

Гурбангули во снимката пука со пушка, фрла ножеви и прави згибови, а од кога во 2006 година дошол на власт, успеал да изгради култ на личност и да се претстави себеси како бог.

Многумина сметаат за нарцисоиден диктатор, а со оглед на тоа дека Туркменистан нема слободни медиуми, тој во целост може да контролира се што тие пишуваат за него и како го претставуваат.

Бердимухамедов одлучи на граѓаните на Туркменистан да ја укине бесплатната струја, вода и гас.

Цели 24 години домаќинство во таа поранешна советска република богата со гас, која има 5,5 милиони жители, имале право на бесплатна струја, вода и гас. Сепак последните години започнале да се уведуваат ограничувања.

Секој поединец до сега имал право на 35 kW струја и 50 метри кубни гас месечно, како и 250 литри вода дневно. До 2014 година, сопствениците на автомобили добивале по 120 литри бесплатен бензин месечно.

Оваа мерка е на сила од 1993 година и предвидено е да биде на сила десет години, но е продолжена до 2030 година.

Претседателот сега смета дека ваквиот систем е неодржлив и дека помошта наскоро би требало да биде упатена само кон социјалните случаи.

The President Of Turkmenistan Made A Wild Propaganda Video

Turkmenistan’s president made a wild propaganda film showing off his combat skills ??

Geplaatst door Vocativ op dinsdag 8 augustus 2017


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments