Во Кривичниот суд рочишта за „Труст“ и „Сопот“

Сподели со своите пријатели

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите   „Труст“ и „Сопот“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ се сослушуваа сведоци.

На минатото рочиште прв беше сослушан сведокот на обвинителството Феим Имери од Сарај, кој има веќе 26 години сопствена фирма која се вика „Феим сервос“. Фирмата продава градежни машини и има сервис.

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство го испрашуваа сведокот дали навистина продал механизација на фирмата „Трансмет“, колку машини и кога, изложувајќи му фактури и договори.

Имери, иако призна дека тоа се фактури на неговата фирма, не беше сигурен за потписите, бидејќи како што рече, со текот на годините личниот потпис го менувал.

Според СЈО доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, приближно 1.060.000.000 денари, односно 17 милиони евра. 

Предметот „Сопот“, пак, е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

„Сопот“ е повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај. 

Извор: МИА

Loading...