Во едно деноноќие: Нови 1.919 регистрирани бегалци

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 1.919 странски државјани, и тоа на 867 државјани на Сирија, потоа на 590 државјани на Авганистан и на 462 државјани на Ирак.

Исто така во посочениот период до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 Инаку од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени  се потврди на вкупно 79.149 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-38.227, Авганистан-24.899 и Ирак-16.020, а до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил