Во 16:30 часот Иванов ќе се обрати до нацијата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македоија, Ѓорге Иванов во 16:30 часот ќе се обрати до нацијата, ова е информацијата која пристигнува од неговиот кабинет, но нема најави што Иванов ќе соопшти пред јавноста.

Деновиве тој требаше да го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, откако претходно од политичарите побара потписи како гаранција дека ќе успеат да направат мнзоинство. Не е позната одлуката на претседателот, ниту дали тема на неговото обраќање ќе биде да се соопшти одлуката.