Вклучен жолтиот метео аларм: Температури до 34 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови и на планините. Утринската температура ќе биде помеѓу 9 и 15, а дневната од 26 до 34 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од каде за денеска поради високите температури за овој период од годината го вклучија и жолтиот метео аларм за поголемиот дел од територијата на државата.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме топло и сончево време со максимална дневна температура до 28 степени целзиусови. Ќе дува засилен ветер од северен, односно северозападен ветер, а во попладневните часови е можа појава на грмотевици и краткотраен дожд.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста и времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.