Утре ќе се избира претседател на Собранието

Сподели со своите пријатели

За утре е закажано продолжување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија на која ќе биде избран нов претсетадел, заемник претседател, членови и заменици членови на Комисијата за прашања на избори и именувања.

Партиите по три дена консултации, постигнаа договор за составот и претседателот на Комисијата. Според договореното тоа ќе биде Илија Димовски. Во комисијата ВМРО-ДПМНЕ има шест, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.