Услови за слаб снег и силен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени локални врнежи од снег, претежно со слаб интензитет, особено во западните и јужните делови. Изутринава речиси на секаде врнежите се престанати, а снежната покривка од овие врнежи незначително е зголеми. Дуваше слаб до умерен, а утрово вдолж Повардарието и во источните делови и засилен ветер од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен слаб снег, особено во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови, како и на планините повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно и студено време со повремени услови за слаб снег. Ќе дува силен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува -1 степен. Во текот на ноќта ќе има постепено разведрување и намалување на ветерот, при што температурата ќе се спушти до -9 степени целзиусови.

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во петок и сабота и претежно сончево и тивко. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните за време на викендот во благ пораст.