УХМР со најава за невреме во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грежи, локално и во форма н а невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

И во делови од Скопската Котлина попладне и во вечерните часови ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Утре услови за нестабилност со локален пороен дожд и г рмежи ќе има во јужните делови од земјата, особено во првата половина од денот. Ќе дува засилен северен ветер , особено долж Повардарието.

Од утре попладне, па во наредните денови ќе преовладува с табилно и топло време.

Во моментов појава на пороен дожд со грмежи има во Битола и во околината на Гостивар, а исто така и во планините во околината на Делчево. Најинтензивна е облачната маса југозападно од Гостивар, која има правец на движење кон Гостивар и се очекува да има интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.