Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ даруваа крв (фото)

Сподели со своите пријатели

Учениците од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ денеска ја одржаа првата редовна крводарителска акција за оваа учебна година во соработка со Црвениот крст на град Куманово и Институт за трансфузиона медицина.

 

Loading...

 

На акцијата, како што информираше одговорниот наставник Драган Илиевски, од пријавените 104 ученици, крв дарувале 72 средношколци.

 

 

Инаку Гимназијата, како и останатите средни училишта од градот, годишно имаат по две крводарителски акции на кои заинтересираноста на учениците секогаш е на задоволително ниво.