Температури и до 29 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец, информираат од Управата за хидромеотероолошки работи.

Минималната темпратура ќе се движи од 1 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме слично време. Со мала облачност и температура до 23 степени целизуусови, а во текот на ноќта температурата ќе изнесува само 4 степени.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со свежи утра и со пораст на дневната температура. Од недела   е очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд инфорираат од УХМР.