Тајван добива кула која ќе апсорбира смог (фото)

loading...

Кулата Тао Жу Јин Јуан, која ја градат Vincent Callebut Architectures, Во Тајпеј, Тајван, е сè само не обична кула. Оваа кула ќе го јаде смогот од навистина загадениот воздух во азиската земја.

 

 

Од надворешната страна по фасадата, на покирвот и на балконите ќе има 23.000 дрвја и грмушки, што е речиси исто колку зеленилото во њујоршкиот Централ парк.

 

 

Овие растенија ќе апсорбираат 130 тони јаглерод диоскид годишно, што е еднакво на емисијата на гасови од 27 автомобили.

 

 

Последните достапни податоци за емисијата на јаглерод диоскид во Тајван, пак, се за 2008 година, кога земјата произвела вкупно 260 милиони тони. Изградбата започна во 2013 година и се очекува кулата да биде готова до септември годинава.


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments