Тајниот живот на шеиците: Зависници од секс, дрога и пари..

Сподели со своите пријатели

Смртта на шеикот Рашид, најстариот син на шеикот Мохамед кој владее со Дубаи, разоткри колку луд и динамичен живот всушност водат арапските богаташи

Кога во Дубаи почина шеикот Рашид, најстариот син на лидерот на Дубаи – шеикот Мохамед, кралското семејство богато со нафта од Обединетите Арапски Емирати се надеваше дека по неговата смрт конечно ќе престанат повеќегодишните шпекулации за тоа дали шармантниот и гламурозен принц Рашид, кој почина на само 33-годишна возраст од срцев удар, бил зависник од дрога и секс.

Loading...

Приказните за неговиот живот во голема мера доаѓаа од сликата кој тој самиот ја оставаше за себе во јавноста. Водел екстравагантен живот исполнет со трки на коњи, брзи автомобили и убави жени.

Но, на Запад токму неговата смрт обезбеди увид во животниот стил на богатите Арапи-Playboys кои секое лето го поплавуваат Западот за да ја избегнат неподносливата топлина на Блискиот Исток. А притоа трошат огромни суми на пари.

Однесувањето на некои од арапските шеици излезе на виделина откако еден од истакнатите арапски-playboy, саудискиот принц Мајед Абдулазис Ал Сауд првично беше обвинет дека ја приморал својата вработена да му пружи орален секс, по што било откриено дека тој се обидувал да наведе пет жени да спијат со него.

Овој сериозен скандал изби неколку недели откако шеикот Калид бин Хамад ал Тани од владејачкото семејство на Катар побегнал од САД – откако го обвиниле дека се тркал со Ферари низ Лос Анџелес.

Лондон – главниот центар за забава

Жителите на Лондон се навикнати на таквото однесување бидејќи милионерите ритуално го поплавуваат градот во летните месеци кога улиците на Лондон се преплавуваат од скапи автомобили на арапските playboys од Катар, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, кои ги транспортираат со авион за цена од 30.000 долари.

Па Лондон, на вчудовиденоста на локалните аристократи, го преплавуваат Арапи на кои не им претставува проблем да се фалат со своето богатство, но сепак сакаат да ја задржат приватноста.

“Повеќето од овие арапи се на возраст од 21 до 25 години – и располагаат со неверојатно богатство. Доаѓаат да се опуштат во Лондон бидејќи дома ги чуваат многу строго и живеат здодевен живот во кој речиси ништо не им е дозволено. Не можат да трчаат наоколу и да се глупираат – па Лондон им е совршена шанса да се опуштат, па како пуштени од ланец цело лето лудуваат низ градот пред да се вратат назад дома и да се оженат”, објаснува Даниел Халворт кој им стои на располагање додека се во посета на Лондон.

Тој исто така напоменува дека арапските playboys се клинети кои многу бараат: “Се што ќе посакаат мора да биде направено веднаш – утре е веќе прекасно.”

Тој додава дека многумина од нив си престојуваат во инвестициски недвижности кои самите ги поседуваат, иако голем број од нив преферираат да отседнат во хотелот Dorschester со оглед на тоа дека пред него има огромен паркинг на кој можат да ги паркираат своите прескапи миленички – автомобилите.

“Повеќето од нив се затворени. Не дека се параноични туку едноставно претпочитаат да ја задржат приватноста за себе. Не сакаат за нивните забави да знае секој. Среќни се кога луѓето “зјапаат” во нивните автомобили, но нема да го кажат своето име на билокој.”

На многумина, особено на постарите граѓани, арапските playboys им одат на нерви поради нивните брзи трки со скапите и гласни автомобили. Па така еден пензионер беше обвинет дека со клуч му го изгребал автомобилот на еден од младите шеици. Во своја одбрана, старецот одговорил дека бил исфрустриран поради постојаниот гласен звук и “брмчење” на автомобилот, а не можел да преземе ништо друго во врска со ова бидејќи полицијата не сакала да му помогне.

Покојниот шеик Рашид, кој го посетуваше Sandhurst – камп за обука на британски воени офицери, исто така бил редовен посетител на Лондон. Со оглед на богатството на неговиот татко, но и персоналното, за кое Форбс процени дека изнесува околу 1.9 милијарди долари не е ни чудно што Рашид можел да си ги дозволи скапите забави и лудувања низ најскапите метрополи на Европа.

Ниту жените не се имуни на трошење пари

Loading...

Иако животот на висока нога на Западот го искусуваат во најголем дел мажи од Блискиот Исток, и женските членови на богатите семејства се склони да ги посетуваат европските метрополи. Сепак, тие го преферираат Париз и тоа најчесто за шопинг – па најчесто отседнуваат во луксузните хотели George V или Plaza Athénée.

Единствениот проблем на кој можат да наидат е плаќањето.

Па така принцезата Маха бинт Мохамед бин Ахмед ал Судаири, снаата на починатиот крал Абдула, се обидела да побегне од парискиот Shangri-La Hotel со пет ѕвездички, во кој со друштвото отседнале во 41-соба за време на петмесечен престој, оставајќи зад себе сметка тешка повеќе од седум милиони долари.

Наводно, во рок од 48 часа постара личност од кралското семејство ја подмирила сметката, а Маха не смее да ја напушти Саудиска Арабија засекогаш.

Шеикот Рашид исто така западнал во немилоста на својот татко на сличен начин во 2008-ма година кога наводно бил вклучен во убиство поради што го изгубил правото да биде наследник па на неговото место го ставиле неговиот помлад брат – шеикот Хамден. Приказната за убиството никогаш не се докажа.

Во последните години од животот на Рашид ретко му било дозволено да го напушта Дубаи, па така се ограничиле и неговите патувања до Лондон. Во 2011-та година бил испратен и на рехабилитација и оттогаш остана надвор од дофатот и очите на јавноста.

Преземено од: tocka.com.mk