Сончево време со ниски температури, затоплување од понеделник

Сподели со своите пријатели

Времето рано утринава беше студено со малку повеќе облачност во југозападните делови од земјата. Само понекаде дува слаб претежно северен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи времето наутро беше студено, а преку денот се очекува сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се двжи во интервал од -2 до 5 ° С.

Во Куманово и околината денес ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува -2 степени, а истата во текот на ноќта ќе се спушти и до 10 степени во негатива.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста па од понеделник утринските температури ќе се покачат.