Сончево и топло време пред стартот на викендот

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец, информираат од Урпавата за хидромтеоролошки работи

Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во итнервал од 23 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со сосема слаб ветер од јужен, односно југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 24 степени, а во текот на ноќта 6 степени целзиусови.

Релативно топло ќе се задржи до понеделник. Во сабота ќе има мала до умерена облачност, а од недела ќе следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во вторник ќе бидат проследени со засилен северен ветер и значително спуштање на дневната температура.

 

Loading...