„Siemens“ отпушта 6.900 работници

Сподели со своите пријатели

Германскиот индустриски конгломерат Siemens најави укинувањ ена 6.900 работни места ширум светот, како одговор ан промените кои се случуваат во секторот на енергијата.

Скоро половина од најавените намалувања ќе бидат реализирани во Германија, се наведува во соопштението од компанијата, а пренесуваат агенциите.

– Резови се неопходни за да се осигураме дека нашата експертиза во технологијата на електраните, генераторите и големите елекрични мотори остане конкурентна на долг временски рок. Тоа е цел кон која тежнееме со помош на мерките кои ги преземаме, изјавила директорката на Одделението за човечки ресурси, Јанина Кугел.

Акциитена компанијата, која има 372.000 вработени лица ширум светот, незначително се променети по оваа вест.

Пред две години оваа компанија поради реструктуирање на правецот на производство отпушти 7.800 луѓе, а претходно укина повеќе од 10.000 работни места.