Регистрирани две нарушувања на изборниот молк во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два случаи на нарушување на изборниот молк биле регистрирани во СВР Куманово, четири во СВР Струмица и по едно нарушување во СВР Битола и СВР Велес.

Молкот бил нарушен со агитирање и поткуп на гласачи, пронајдени избирачки списоци и броеви на избирачки места, испишани графити и одземена лична карта. По преземени мерки едно од нарушувањата на молкот е расветлено и од страна на СВР Струмица доставено е известување до ОЈО против четири лица поради основано сомнение дека се сторители кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“.

 

Loading...