Претежно облачно со температури до 28 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.  Утринските температури од 10 до 17 а дневната највисока температура ќе биде во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и услови за врнежи од дожд, посебно кон крајот на денот. Ќе дува северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на температурата. Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието.