Поради оваа фотографија од орален секс забранети се венчавки за странци во Грција (фото)

Сподели со своите пријатели

Грчката православна црква забрани венчавки на странците на Родос. Таа одлука доаѓа како реакција на фотографија која ја објавил англиски пар кој се венчал на овој грчки остров. На фотографијата невестата е клекната пред младоженецот и орално го задоволува, а тоа се случува во близина на црквата, пишува „Дејли мејл“.

Метју Лун (27) и Карли (34) од Бирмингем сега се соочуваат и со тужба. Тие навеле дека сакале така да се фотографираат за да го покажат својот единствен смисол за хумор во невестинскиот албум.

 

Loading...

 

По недоличната фотографија, епископот Кирилос одлучил да ги протера странците од островот, поточно да им забрани венчавка во манастирот Свети Павле, а поради таквата долука стотина британски барови мора да се откажав од своите венчавки од соништата.

Метју и Карли тврдат дека целата приказна е надуена, но дека жалат поради моментот во кој им текнало да се фотографираат така.

– Целата приказна е надуена. Само се шегувавме, Грците претерано реагираа на се. Не мислам дека направивме нешто погрешно, но нам ни е жал што ги вознемиривме. Сакавме тоа да биде шега и да добиеме интересни реакции, изјавил Метју за „Сан“.

Во Белград отворено училиште за орален секс

Фотографијата ја направил член на семејството на Метју, а потоа била прикачена на социјалните мрежи.

На брачниот пар му останува само да жали поради фотографјиата. А да не сотане само на жалење се погрижиле и нивните сонародници кои се гневни затоа што венчавките кои чинат и по 40.000 фунти им се откажани, но и Грците, чија економија ќе трпи поради одлуката на црквата, затоа што Родос е доста популарен остров за венчавка кај Британците.