Попладне нестабилно со врнежи и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне со развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните тенператури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Куманово и околината денес ќе имаме Променливо облачно време со кратки сончеви период во претпладневните часови. Попладне ќе следува зголемување на облачноста која ќе донесе и врнежи и грмежи. Ќе дува слаб ветер од западен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 30 степени целзиусови, за разлика од ноќта кога ќе се намали двојно и ќе биде околу 15 степен.

Утре и в петок ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд со ретки грмежи. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во ланинските предели на Западна Македонија.

 

Loading...