Попладне дожд и грмежи, слично и во текот на утрешниот ден

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, во северозападните делови променливо облачно со локален дожд. Попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови. Ќе дува засилен југозападен и западен ветер, особено изразен во јужните делови од земјава, како и на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Утре и задутре ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.

Утре повеќе врнежи се очекуваат во северните, а во вторник во западните делови од земјава. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува и ќе услови намалување на дневната температура.

Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата.