Половина час прекин во гласањето на гласачко место во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На гласачко место 1076 во Општина Куманово гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што не работела УВ ламбата. Гласачко место 1117 во Општина Липково, УВ ламбата не се користи во сите случаи, а избирачкиот одбор не реагира на оваа нерегуларност, информираат од Граѓанската асоцијација МОСТ која со над 2.000 набљудувачи го следи изборниот процес во текот на денот.

Нерегуларности, МОСТ има регистрирано и на уште неколку места во државата:

Според информациите кои ги имаме отворени се сите гласачки места на кои имаме свои набљудувачи. Гласачките места 1565 1566 1566/1 1567 во ООУ Кирил и Методиј Пробиштип се отворени со 15 минути задоцнување поради тоа што се остранувал пропаганден материјал пред објектите. Гласачко место 0887 во општина Чешиново Облешево е отворена со 20 минути задоцнување поради пропаганден отстранување на материјал од гласачкото место. Гласачно 0249, Општина Македонски Брод е отворено со 30 минути задоцнување поради тоа што избирачкиот одбор доцнел со уредувањето на избирачкото место. Гласачко место 1860 Општина Струга на почетокот на гласањето, гласачкиот одбор откорнал три гласачки ливчиња заедно со гласачкиот број сп што гласачите ги ставиле ливчињата ги ставилеливчињата во гласачките кутии. Гласачко место 0689 општина Кавадарци, гласачко ливче е откинато со серискиот број, тоа било ставено во плик кој бил затворен, а на гласачот му било дадено ново гласачко ливче. Избирачкиот одбор направил записник за овој случај. На гласачко место 1086 во Општина Куманово гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што не работела УВ ламбата. Гласачко место 1117 во Општина Липково, УВ ламбата не се користи во сите случаи, а избирачкиот одбор не реагира на оваа нерегуларност. Гласачко место 8595/1 во Општина Струга, гласач ги фотографирал двете гласачки ливчиња и ги ставил во гласачката кутија и го напуштил гласачкото место, соопшти Граѓанската асоцијација на првата прес конференција.

Во текот на денот граѓаните кои сакаат да пријават било какви нерегуларности за избирачкиот процес тоа може да го сторат на бесплатната телефонска линија 080 080 080 и веб платформата neregularnosti.most.org.mk.