Полјак искасал полицајка која се обидела да му одземе мачиња

Сподели со своите пријатели

Еден 32-годишен жител на Послка изгризал полицајка по рака и нога откако полициската патрола дошла да му одземе 16 мачки.

Своите миленици, мажот од Слупск на северот на Полска, ги бранел со заби и нокти, а полицајката која се обидела да му ги одземе и да ги одведе во азил поради здобиени повреди завршила на боелдување.

Знаци со кои мачките сакаат да комуницираат со вас: Еве ги значењата

Loading...

Полјакот и неговата сопруга ги пријавиле соседите кога смреда од мачешки измет започнала да станува неподнослива. Полициската патрола дошла да ги одземе животните од станот затрупан со смет, заедно со работници од градскиот азил.

Додека полицајците и работниците од азилот се обидувале да ги уловат мачките, се појавил нивниот сопственик. Човекот започнал тепачка со полицијата, а во хаосот на повеќе места искасал полицајка по раката и ногата, а потоа двајцата заедно паднале низ скалите на долниот кат.

Половина од денот го минуваат во сон. Зошто мачките толку спијат?

На припадничката на полицијата и биле констатирани длабоки рани, а мачките биле однесени во азил, каде ги чека одлука дали ќе бидат одземени од сосптвениците, рекла директорката на градскиот азил за животни, Марта Шмјетанка.

– Ги проверуваме околностите на нападот. За физички напад на служено лице му се заканува и затвор до три години, навел портпароло на полицијата, Роберт Червињски.