По свежите утра, денес повеќе сонце

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во претпладневните часови на места ќе со значителна облачност, ана југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од пладне ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието, а облачноста ќе се намали и тоа најпрвин од исток. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време, но со засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе имаме ведро небо, но и температура до 4 степени.

Од петок ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места студени утра. Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.

 

Loading...