Општината нема пари за нови автобуски постојки

Сподели со своите пријатели

Од 10 до 15 милиони денари изнесува дефицитот на Буџетот на Општина Куманово за последните неколку месеци, нешто што не е забележано во последните 10 години, рече денес градоначалникот Зоран Дамјановски на 54та седница на советот.

На прашањето на советничката Снежана Захариева дали со одбележувањето на хоризонталната сигнализација ќе се обележат иа вотбуските постојки и дали ќе се реконструираат истите, градоначалникот рече дека тоа е инвестиција за која моментално во буџетот нема пари.

Дел од одбележувањето е и за постојките во првата фаза. Но, за реконструкција една постојка треба околу 5-6 илјади евра, а во моментот немаме толку пари – одговори Дамјановски.

Тој најави дека има заинтересирани приватни компании кои сакаат поставување на монтажни бараки до постојките кои би ги реновирале самите, но тоа треба најпривн да се разгледа на седницата на Советот.

Инаку, пари нема ниту за културните манифестации, како што истакната советникот Бобан Јакимовиќ не се исплатени донациите кои се ветени за реализација на одредени културни програми, ниту е разгледан извештајот за културната програма за минатата година, иако сега сме на средина на 2016та.

На наредната седница ќе оди извештајот за култура програма. Приливната страна на општината е лоша, послаб прилив не сум забележал во последните 10 години. Дефицитот е 10-15 милиони денари во април месец. Имаме екстензивна градба на патната инфраструктура, па суксесивно ќе се дојде и до исплата на културните програми – одговори Дамјановски.

Инаку Општина Куманово интензивно работи на реконструкција и изградба на нови асфалтни патишта во приградските населби. Во тек е пополнување на дупките во централно градсок подрачје, како и одбележување на соодветна хоризонтална сигнализација.