ОО на Црвен Крст со ХИВ инфо штанд ги едуцираше кумановци (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

ХИВ инфо штанд денеска на градскиот плоштад ги едуцираше граѓаните како да се заштитат од оваа преносливо заболување. Настанот беше во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”425″]

 

Целта на проектот е подигање на свеста кај младите во Општина Куманово за проблемот со ХИВ инфекцијата преку информирање, едукација и превенција.

Ова е завршен настан од кампањата за превенција од ХИВ во соработка со ОБСЕ и Европската унија преку ИПА проектот за превенција од ХИВ. Црвен Крст на Република Македонија Општинска организација Куманово го организира овој настан како завршен дел од сето она што се работеше претходните пет месеци. Беше освежено знаењето на едукаторите, беа спроведени едукации, беше изработен едукативен и презентиран матеирјал за граѓаните и ова е последниот односно завршниот настан. Во информативниот материјал се опишани како се пренесува ХИВ, што значи ХИВ, како може да се добие – изјави Сања Русевска, ОО на Црвен Крст Куманово.

 

Во рамките на истиот проект кој започна во месец мај, беа одржани и 14 едукативни сесии во седум средни училишта во градот, а организаторите се надеваат дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.