Од понеделник пад на температурите и почист воздух

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утринава во поголемиот дел од земјава времето е облачно и тивко, по котлините има магла и ниска облачност, и магла со намалена видливосткоја во Пелагонија изнесува до 500 метри.Ниска облачност и магла со намалена видливост има и на некои повисоки места во источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно облачно, по одделни котлини магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и југозападните делови ќе има повремен слаб дожд. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со максимална дневна температура до 9 степени целзиусови.

Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота кои во западните и југозападните делови ќе бидат со умерен интензитет. За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот, велат од УХМР.