Невремето над скопско се движи кон југ и североисток

Сподели со своите пријатели

Во моментов нестабилна облачна келија има над Скопското подрачје и е со правец на движење од југ кон север – северо-исток, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и се очекува да се задржи во вид на невреме над делови од Скопје во наредниве час до два, информираат од Министерството за внатрешни работи.

До крајот на денот времето на места се уште ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Т-мин. од 6 до 12, а т-макс. од 23 до 29 степени.

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.