Нестабилното време ќе се задржи и денес

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во текот на денот ќе има делумно намалување на облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец. Максимална температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме намалување на облачноста, но во поплаедневните часови истата повторно ќе се врати назад и ќе имаме дожд проследен со силни електрични празнења. Максималната температура ќе изнесува 25 степени, додека ситата во текот на ноќта ќе се спушти до 12 степен кога исто така ќе имаме сулови за грмотевици.

Променливо облачно, попладне на места нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи ќе биде и во текот на утрешниот ден. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени.