Немал лиценциран „Windows“, па СВР Куманово му поднесе кривична пријава

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.А. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 05.05.2017 година, при извршена контрола во неригистрирано интернет кафе лоцирано на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово, сопственост на пријавениот, е утврдено дека во поставените 21 персонален компјутер, кој пријавениот ги користел во деловниот објект, инсталирал Microsoft софтвер „Microsoft Windows HP“ за кој не приложил фактура за набавка на лиценциран софтвер и така инсталираниот нелиценциран софтвер го користел во секојдневно работење во интернет кафето.