Не посегнувајте веднаш по препаратите против комарци

Сподели со своите пријатели

Комарците се на сите страни и се чини дека најмногу ги сакаат децата. За да ги спасите од овие инсекти, би требало првин да се обидете со природни решенија, а не веднаш да посегнувате за „прскање“ со разни препарати.

Експертите препорачуваат дечињата да ги облекувате во посветли нијанси, затоа што комарците ги привлекуваат темните бои.

Која е најдобрата заштита од комарци?

Loading...

Избегнувајте слатки и овошни мириси на детерџентите и омекнувачите за алишта, бидејќи за нив се „лепат“, а бегаат од оцет па со него премачкајте ги децата пред да излезат надвор да се играат.

Во спалната соба поставете мрежа на прозорците, а не би било лошо до прозорецот да поставите и саксија со босилек затоа што неговиот мирис ги мава инскетите.

Лимонот е исто така добар избор, пресечето го на половина и ставете го во соба во текот на ноќта.

Неколку природни лекови против каснување на комарец кои ви се наоѓаат дома

Ако одлучите да купите некој спреј, задолжително барајте го оној кој е наменет за деца и внимателно прочитајте го упатството.