Која е најдобрата заштита од комарци?

Сподели со своите пријатели

Досадните комарци можат да ви го нарушат задоволството на престој на отворено. За да тоа го избегнете сигурно сте се обиделе да употребувате голем дел од индустриските производи кои можат да содржат и некои штетни состојки.

Ако сакате да бидете сигурни за себе и своето семејство користете само природни работи. Еве како может еда употребите етерични масла и да направите природен репелент со кој ќе ги избркате комарците од себе и своите најблиски.

Еве што ви е потребно:

  • масло од цитронела

  • масло од лимонски еукалиптус ((Eucalyptus Citriodora)

  • масло од цимет

  • рицинусово масло

  • масло од рузмарин

  • масло од лимонска трева (Lemongrass – Cymbopogon citratus)

  • масло од цедер

  • масло од мента

  • масло од каранфилче

  • масло од здравец

Иако ви изгледа дека е потребно да имате многу состојки и дека е поисплатливо да купите готов производ, имајте на ум дека користите само неколку капки од секое масло па затоа ќе можете да направите повеќе дози, а можете и да купите комбинација од две или повеќе етерични масла со што ќе заштедите пари.

Етеричните масла мешајте ги со базично масло како маслиновото и нанесете на кожата редовно за да ја осигурате својата постојана заштита од „крвопијците“.

 

Loading...