Нападнат пратеникот Максим Димитриевски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум лица вчеравечер  упаднале на семејната веселба на пратеникот Максим Димитриевски во ресторанот „Палас“ во Куманово при што физички го нападнале.

Според пишувањата на порталот ПлусИнфо, лицата биле вооружени полицајци во цивилки кои упаднале на веслбата и на пратеникот на СДСМ му нанеле телесни повреди на рака. Димитриевски случајот го пријавил и во полиција.

Кумановскиот пратеник бил со свои роднини и пријатели на семејна забава при што бил закупен дел од ресторанот. Тогаш осумте напаѓачи влегле на запавата и првин вербално го провоцирале Максим Димитриевски, а потоа и физички го нападнале. Тој успеал да се одбрани, по што во настанот се вмешало и обезбедувањето на угостителскиот објект и настанал вистински хаос, а на подот паѓале и пишто од полицајците во цоволика, пренесува ПлусИнфо.

Се обидов да се повлечам, да не возвраќам на провокациите, но морав да се бранам и себеси, а да ја бранам и мојата сопруга, чиј роденден славевме. Напаѓачите не ги познавам. Подоцна полицајците ми рекоа дека вооружените лица биле полицајци во цивилки. Беа безобразни и насилни, го спомнуваа ВМРО и можеше да настане голема беља. – Очигледно, целта им е да се пресметаат со мене и мислам дека нема да запрат. Страхувам дека полицијата ќе ги земе во заштита и дека ќе измислат приказна дека се степале две групи во кафеана. Ова е страшно – револтирано вели Димитриевски – раскажал пратеникот Максим Димитриевски за ПлусИнфо.

Со оглед дека напаѓачите го чекале Димитриевски и пред кафеаната била повикана плицијата. Засега не бил познат мотивот за нападот.

 

Loading...