На Божик изгоре семејна куќа во Куманово

loading...

Три интервенции бележат припаднциите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатиот викенд, меѓу кои и гаснење на семеен дом кој се запалил токму на Божик, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во сабота во 19:30 часот била започната интевенција на опожарена семејна куќа лоцирана на улицата „Босанска“. Акцијата на шесте кумановски пожарникари траела до 21 часот, а причината за избувнување на пожарот, како и материјалната штета допрва ќе бидат утврдени.

Интервенција имале и нешто подоцна на Божик, односно во 23:10 часот тројца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле опожарен оџак на семејна куќа лоцирана на улицата „Никола Тесла“. Интервенцијата на пожарникарите траела до 23:50 при што била спречена поголема катастрофа.

Третата интервенција била вчера во раните утрински часови односно 40 минути по полноќ, кога на булеварот „Трета Македонска Ударба Бригада“ тројца пожарникари интервенцирале исто така на опожарен оџак од семејна куќа. Интервенцијата траела 20 минути, а пожарот бил локализиран.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments